ЈОЛАК РЕВИЗИЈА е ревизорска фирма регистрирана на 02/12/2019 година согласно законот за ревизија на Република Македонија и Законот за трговски друштва.
ЈОЛАК РЕВИЗИЈА од Охрид е носител на лиценца за работа во областа на ревизијата број 17 издадена од Советот за унапредување и развој на ревизијата во Република Македонија на 10/02/2020 година.
ЈОЛАК РЕВИЗИЈА од Охрид е член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија од 19/02/2020 година и запишан во Регистарот на овластени ревизори – трговци поединци на ИОРРМ.
Основач на компанијата е Јолакоски Влатко,овластен ревизор со Уверение за ревизор број 0301-69/6 издадено од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) на 11/09/2015 година и Лиценца за овластен ревизор број 192 издадена од Советот за унапредување и развој на ревизијата во Република Македонија (СУНР на РМ) на 29/09/2015 година,со завршен Економски факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.
Уште од самиот почеток компанијата се труди да ги носи епитетите чесност, сигурност, навременост и доверливост.
Политиката на нашата куќа е одржување на високо ниво на интегритет, професионалност и квалитетни услуги со константно следење на правната и економската легислатива во РМ. Основна дејност на компанијата е ревизија, консалтинг и даночни услуги,сметководство. Редовно ги следиме случувањата во полето на економијата и правото и на тој начин Ви овозможуваме навремено информирање за сите промени и новини во постоечката законска регулатива на Република Македонија.
Компанијата е подготвена секогаш да понуди ефикасни услуги за сите ревизорски, сметководствени, даночни, менаџерски, правни, административни и финансиски активности. Тимот е предводен од основачот на компанијата – Влатко Јолакоски. Со долгогодишното искуство во оваа област постојано ги поттикнува вработените во нивниот професионализам како и во остварување на партнерски однос со клиентите.
Доказ за професионалноста во работењето се многубројните сертификати, учества на семинари и членства во здруженија.
СЕРТИФИКАТИ:
- Уверение за ревизор број 0301-69/6 издадено од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) на 11/09/2015 година;
- Лиценца за овластен ревизор број 192 издадена од Советот за унапредување и развој на ревизијата во Република Македонија (СУНР на РМ) на 29/09/2015 година;
- Уверение за овластен сметководител број 0106744 издадено од Институтот на Сметководители и Овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) на 10/02/2017 година;
- Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје, Економски факултет Скопје, 1985-1989 година.
РАБОТНО ИСКУСТВО:
- 1990 – 1993 година Индустрија за метални производи БРАТСТВО АД ОХРИД како референт за увоз и извоз.
- 1993 – 1994 година ЕУРОИНВЕСТ БАНКА АД ПРИЛЕП,Филијала Охрид,како раководител на филијала.
- 1994 – 1995 година КОНЗУМ ЗЗ ОХРИД како раководител на сметководство
- 1995 година ВАРДАР КОМЕРЦ ДООЕЛ СКОПЈЕ,Подружница Охрид како раководител на сметководство,
- 1995 година ИРИМПЕКС ДООЕЛ ОХРИД,како сметководител,
- 1996 – 2010 година ЈОЛАК ДООЕЛ Сметководствено биро како сопственик и управител,
- 2010 – 2015 година ЕВРОПСКИ РЕВИЗОРСКИ ЦЕНТАР (ЕРЦ) ДООЕЛ СКОПЈЕ, како ревизор
- 2015 – 2019 година ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕВИЗИЈА (Е.Ц.Р.) ДОО СКОПЈЕ како овластен ревизор
- од 2019 – ЈОЛАК РЕВИЗИЈА ТП ОХРИД,сопственик,овластен ревизор;
ЧЛЕНСТВО ВО ЗДРУЖЕНИЈА:
- Институт на овластени ревизори на РМ;
- Институт на сметководители и овластени сметководители на РМ;