Нашето долгогодишно искуство,професионалното знаење и експертиза, ќе Ви понуди најкомпетентен совет за постигнување на Вашите бизнис цели. Во секое време Ви обезбедуваме јасен приказ на резултатите кои Вие ги остварувате, а преку кои ние го детектираме секој потенцијален проблем пред истиот да има влијание врз можноста за профит. Нашиот тим ќе Ви пружи тековна поддршка низ сите фази на стратешки развој преку кои Вашиот бизнис ја надминува конкуренцијата.
Административна поддршка, совети и консултации во процесот на отварање на Вашата фирма
Финансиски анализи кои вклучуваат пресметки на показатели според меѓународните сметководствени стандарди. Ги толкуваме финансиските податоци преку финансиски анализи и показатели за ликвидност, солвентност, профитабилност.
Подготвуваме професионална и стручна анализа на Вашите финансиски активности со што овозможуваме развој на Вашиот бизнис.
Подготовка на инвестициони и бизнис планови
Даночен консалтинг
Посредување во избор на човечки ресурси во финансиската област
Изработка на интерни акти: сметководствени политики, правилник за работа, правилник за попис.